Меган Маркл избира подарок за кралицата Елизабета

Откако кралицата Елизабета го прекрши протоколот и ја покани Меган Маркл на традиционалната божикна прослава со кралското семејство, канадските медиуми почнаа да прават листи за да ѝ дадат идеи на актерката што да ѝ купи како прв божикен подарок.

Тие велат дека Меган би можела исто како Кејт Мидлтон да ѝ зготви самата оброк на кралицата. На својот прв Божик со кралското семејство, Кетрин подготвила сос по рецептот на нејзината баба. Во интервју потоа, Кејт рекла дека многу се израдувала кога видела дека и сосот е ставен на празничната трпеза. Инаку, Меган е вешта во кујната и често споделувала рецепти со своите фанови во минатото.

Медиумите пишуваат дека принцот Хари ја сака калиграфијата, па дека Меган може да ја изненади кралицата со уникатна божикна картичка, бидејќи  Маркел порано и таа самата заработувала преку оваа своја вештина.

Креалицата има куче од расата Корги, па канадските медиуми пишуваат дека актерката може да ѝ купи на кралицата нешто за нејзиното куче, ообено што и самата е љубител на животните.

Scroll to Top