Меган Маркл во фустан од 56 илјади фунти

Принцот Хари и Меган Маркл ги објавија официјалните портрети од свршувачката. Пред еден месец двојката објави дека ќе се венча на пролет.

Фотографиите ги сними познатиот фотограф на славни личности Алекси Лубомирски, а снимани се во куќата Фрогмор, приватна кралска резиденција која е во замокот Виндзор. На едната фотографија Меган е во фустан од 56.000 илјади фунти. Креацијата е на британскиот бренд „Ралф и Русо“. На другата фотографија, таа носи џемпер, за кој медиумите пушуваат дека е на модната компанија на Викторија Бекам.

Фотографот кој ги сними Хари и Меган досега има снимано голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Анџелина Џоли и Џулија Робертс.

Scroll to Top