Меган Трејнор се сврши со Дерил

Меган Трејнор, добитничата на Греми награда се сврши. Таа  ја објави веста со видео од неа, полна со емоции во моментот кога нејзиното момче Дерил Сабара ја побара за жена на нејзиниот 24ти роденден.

„Реков да!“, стои во видеото објавено вчера. „На мојот 24 роденден љубовта на мојот живот ги оствари сите мои соништа“, напиша Меган.

Ја побарал за жена под тунел од прекрасни божиќни светла и ја изненадил и нејзе и нејзиното  семејство , но и пријателите.

„Сѐ уште сум во шок. Никогаш не сум била волку среќна. Ти благодарам Дерил, што направи да се чувствувам како вистинска принцеза“., рекла Меган.

Меган и Дерил се заедно повеќе од една година. Двојката годишнината од врската ја прослави ова лето. Неодамна Меган кажа дека нејзиното момче го научи знаковниот јазик за да може да комуницира со неа, која беше принудена да не зборува по операцијата на грлото.

„Вистински другар беше моето момче, бидејќи научи знаковен јазик заради мене. Јас ги запишував зборовите за него. Тој беше со мене за цело време. Беше прекрасен. Тој е подобар од она што некогаш го посакував“, кажа Меган.

Scroll to Top