Мел Гибсон не е веќе секси заводник

Актерот Мел Гибсон воопшто не потсетува на секси заводникот од пред дваесетина години. Денес 62-годишниот Гибсон е запуштен, здебелен, со седа коса и густа брада. Папараците неодамна го сликаа во супермаркет во Лос Анџелес, каде што беше со својата ќерка.

Таблоидите во Америка пишуваа дека Гибсон се враќа на филм по 10 години, откако беше избркан од Холивуд. Студијата престанаа му даваат улоги бидејќи во изјава во 2006 година ги навредил Евреите велејќи дека тие се виновни за сите војни што се случуваат во светот. Набрзо потоа беше уапсен за возење во пијана состојба. Неколку години подоцна едвај избегнал затвор откако со автомобил ја удрил поранешната девојка, Русинката Оксана Григориева.

Гибсон неодамна сними два нови филма, The Professor and the Madman и Dragged Across Concrete. Во моментов го снима Boss Level. Во трите филмови има помали улоги.

Scroll to Top