Меланија Трамп доби восочна фигура

Првата дама на САД, Меланија Трамп, добила восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ на Тајмс сквер. Фигурата на Меланија ја откри поранешниот портпарол на Белата куќа Шон Спајсер.

„Таа е грациозна и многу модерна жена“, изјавил Спајсер пред да биде покажана восочната фигура на господинот Трамп. Таа во музејот стои покрај фигурата на нејзиниот сопруг и американски претседател Доналд Трамп, која е изложена претходно.

Спајсер додал дека американскиот народ не го цени во целост нивото на интелект што го поседува првата дама.

„Мината ноќ светот можел да види кoлку првата дама е сјајна и дека има беспрекорен вкус. Тоа е само уште еден пример дека нашата земја ја претставува во одлично светло“, изјавил тој.

Поранешниот портпарол на Белата куќа не можел да престане да ја фали првата дама, пренесува „Њујорк пост“.

„Таа го поддржува претседателот, но и како жена секогаш е тука за својот сопруг“, истакнал тој.

Меланија Трамп, 47-годишен поранешен модел, добила восочна фигура во рамките на изложбата под името „Дајте ѝ на Меланија глас“, во сетот што ја прикажува овалната канцеларија.

Нејзината фигура носи син фустан и стои покрај Доналд Трамп.

Спајсер на крајот додал дека восочната фигура изгледа „неверојатно живописно“.

Восочната фигура Меланија Трамп ќе биде изложена до 31 мај, по што ќе биде префрлена во музејот „Мадам Тисо“ во Вашингтон.

 

Scroll to Top