Метју Пери погребан на мала церемонија со песната „Не предавај се“

Познатиот актер кој ја освои публиката ширум светот со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, Метју Пери, беше погребан вчера, 3 ноември, во кругот на неговото семејство и најблиските пријатели.

На приватниот собир присуствуваа таткото на Метју, Џон Бенет Пери, мајката Сузан Морисон и очувот Кит Морисон, како и соработниците на Метју од серијата Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк, сите облечени во црно.

Гробиштата каде што е погребан Метју се наоѓаат спроти Ворнер Брос, местото каде што „Пријатели“ се снимаше 10 сезони, од 1994 до 2004 година.

Службата заврши со изведба на песната „Не предавај се“ од Питер Габриел.

– Таму немаше суво око. Имаше многу солзи и смеа. Зборуваа само блиските пријатели и семејството – рекол изворот на Дејли Мејл.

По богослужбата, Пери беше погребан со мала семејна церемонија.

Други ѕвезди погребани во Меморијалниот парк Форест Лејн во Лос Анџелес се: Британи Марфи, Пол Вокер, Бастер Китон, Мајкл Хачинсон, актерката Ен Хеч која ненадејно почина минатата година по сообраќајна несреќа.

Scroll to Top