Минаа 10 години од смртта на Хит Леџер

Мина една деценија откако популарниот австралиски актер Хит Леџер почина, а неговата смрт беше прогласена за несреќен случај. Леџер умре на 22 јануари 2008 година, поради погрешна комбинација на лекови. Зад себе остави филмови по кои многумина ќе ги паметат, како „Планината Броукбек“, „Казанова“ и „Темниот витез“, а многу се зборуваше за последните денови од неговиот живот.

A post shared by HEATH LEDGER (@heathledger) on

Со неговата голема љубов, актерката Мишел Вилијамс, која ја запозна во 2004 година, се сврши една година подоцна и ја добија ќеркичката Матилда. Таа го остави во 2007 година, а се зборуваше дека се одлучила на ваков чекор поради тоа што не можела да се носи со неговата зависност од наркотици и алкохол.

A post shared by HEATH LEDGER (@heathledger) on

Неколку години по трагичниот настан, откриени се неговите дневници во кои се наоѓаат цртежи, фотографии од кловнови и исечоци од стрипови, додека на крајот од истите стои едно „Збогум“. Неговиот татко во еден момент изјави дека најтешко му било да ги погледне тие страници, кои неговиот син ги направил пред крајот на снимањето на „Темниот витез“, во кој го глумеше Џокер.

&

A post shared by HEATH LEDGER (@heathledger) on

Scroll to Top