Миранда „сексот“ го замени со политика

Актерката Синтија Никсон, или Миранда од „Сексот и градот“, и официјално се кандидираше за гувернерка на Њујорк. „Го сакам Њујорк и ја објавувам својата кандидатура за гувернерка“ – навела Синтија Никсон на социјалната мрежа „Твитер“.

Синтија Никсон, родена на 9 април 1966 година, добитничка на наградите Еми, Греми и Тони, е

најпозната по улогата на Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“. Таа е роднина на поранешниот претседател на САД, Ричард Никсон.

Миранда ќе му се спротивстави на актуелниот гувернер Ендрју Куомо во борбата за номинација од Демократската партија.

Scroll to Top