Легендарниот американски актер Морган Фримен синоќа беше дел од отворањето на Светското првенство во Катар. Неговото појавување во Доха беше изненадување оти доаѓа 12 години откако тој лобираше САД да биде домаќин на Мундијалот во 2022 година.
Фановите на социјалните мрежи актерот го нарекоа предавник, оти се продал за пари да се појави на Мундијалот во Катар. Наводно Фриман примил пари од Катар за да се појави на церемонијата на отворањето.
За време на својот говор со порака за единство, тој носеше само една ракавица на левата рака, што привлече внимание во јавноста. Станува збор за компресивна ракавица која 85-годишниот актер ветеран ја носи со години, откако пред 14 години по сообраќајна несреќа му остана парализирана левата рака.
Иако актерот ја носи со години, досега ја криел од јавноста, но овој пат реши да ја задржи на свеченото отворање на Светското првенство, поради што особено го привлече вниманието.
Фримен се здоби со сериозни повреди по несреќата во 2008 година. Неговиот автомобил, кој неколку пати се превртел, завршил во ендек, додека актерот со хеликоптер бил однесен од местото на несреќата. Фримен сè уште трпи постојани болки од хронична мускулна состојба, фибромијалгија, која произлегува од скршеното рамо што го претрпел во несреќата. Неговата рака претрпе сериозно оштетување на нервите, што дури и лекарите не можеа да помогнат, а Фриман ја користи компресивната ракавица заради одржување на протокот на крвта.