Музичката икона Грејс Џонс доаѓа во регионот

Eдна од најпрепознатливите личности на американската музичка сцена, Грејс Џонс ја дефинира музиката, модата и уметноста речиси четири децении и е незаменлив дел од енциклопедиите на поп културата.

Грејс Џонс доаѓа на премиерниот концерт во Загреб на 4 јули 2024 година.

Големиот концерт на отворено во центарот на Загреб ќе биде можност да се слушне пресек на кариерата на оваа неповторлива икона, птренесуваат медиумите во регионот.

Авторот, пејачот и моделот со потекло од Јамајка му даде на светот опус кој веќе е вклучен во музичките класици, од албуми како „Warm Leatherette“ и „Nightclubbing“ до синглови како „Private Life“, „Pull Up to the Bumper“, I’ve Seen That Face Before“ и „Slave to the Rhythm“ со кои ги пустошеше музичките топ листи.

Од манекенската кариера што ја започна во 70-тите до иконското „Студио 54“, филмската кариера во класиците како „Vamp“, „Conan the Destroyer“ или „A View to a Kill“ и незаборавните изведби, Грејс Џонс остана позната по нејзиниот андроген феномен што го зацементира нејзиното место во поп културата.

VH1 ја вклучи во листата на 100 најважни жени во рокенролот, додека Билборд ја рангираше меѓу 40-те најголеми имиња во клупската култура.

Таа започна како муза на бројни фотографи, а до ден денес бројни музичари и уметници ја наведуваат како пример, меѓу кои Лејди Гага, Ријана, Лорде, Розина Марфи и Нил Роџерс.

Документарниот филм „Grace Jones: Bloodlight and Bami“ како и иронично насловените мемоари „I’ll Never Write My Memoirs“ даваат интимен увид во животот на оваа голема музичка и модна икона, пренесува „Вечерњи.хр“.

Таа се врати на сцената во 2009 година со забележителниот албум „Hurricane“ и оттогаш не престана да настапува, а на сцената е исто толку оригинална како и на почетокот на кариерата. Концертите кои вклучуваат оригинални костими, полни со енергија и провокација, се дел од одличните настапи во живо каде Грејс уште еднаш докажува дека е безвременска уметница и жива икона.

Scroll to Top