Актерот Кевин Костнер неодамна се разведе од дизајнерката Кристин Баумгартнер, а судскиот процес околу алиментацијата не е завршен. Кристин не сакаше ни да се исели од вилата на Костнер во која живееше со децата, но, мораше кога судот ја принуди.
Сега сака да добие поголема алиментација за четирите деца. Не е задоволна со понудените 129.000 долари месечно и смета дека се недоволни, пишува „Њујорк Пост“. Кристин бара 175.000 долари месечно за да може децата да уживаат исто како и кога нивните родители биле во брак.
Рече дека децата живеат со татко им во вила на плажа, а вредноста на овој имот се проценува меѓу 65 и 95 милиони долари. Кевин оди и на луксузни патувања во приватен авион, па таа сака истото да може да го прават и со неа вели извор близок до бившата двојка.
„Потребна е поголема алиментација за да можат децата да одат на слични одмори кога се со неа“, е наведено во нејзините барања.
Додаде и дека тоа е во согласност со законот за стандард што за семејствата во Калифорнија. Дизајнерката нагласила и дека Костнер во последните две години заработувал повеќе од 1,6 милиони долари месечно и дека сега планира да изнајми куќа за 40.000 долари месечно.
„За разлика од комплексот на плажа на Кевин, куќата што планирам да ја изнајмам е веднаш до автопат. Нема пристап до плажа, ниту може пеш да се стигне до таму. Нема живописен поглед“, се пожалила Кристин.