На партнерот на Саманта му се слошло среде секс

Актерката од „Сексот и градот“ , Ким Катрал има снимено повеќе од сто секс сцени за серијата. Односно, барем по една секс-сцена во секоја епизода од култната серија.

„Некогаш се прашував, како ќе ќе го изведам тоа?. Но, си го сакав ликот, зашто Самта секогаш одеше чекор понапред, таму каде што ниту една жена се уште не стапнала. Беше малку постара, малку поискусна, ако ме разбирате“, се сеќава на својата улога Картал, која во истото интервју за Лајф сторис открива дека не оделе сите секс-сцени како подмачкано. А една особено ќе ја памти.

„Снимавме сцена во која тој беше горе, и одеднаш падна врз мене и гласно прдна. Се скаменив и си викам намерно ли беше ова. Не ми беше јасно што се случи“, раскажува Ким.

„Всушност излезе дека пред снимањето толку напорно вежбал и бил на толку строга диета, па не ни јадел пред снимањето. Затоа се онесвести во клучниот момент и покрај тоа му се испушти. Беше одвратно“, вели Ким, но не открива кој е партнерот кому му се испуштило.

Scroll to Top