На шест години од трагичната несреќа, продолжува борбата на Шумахер

Поминаа шест години од трагичната несреќа на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, а неговата сопруга Корина и понатаму вели дека со секој поминат ден тој продолжува да се бори.

Шумахер во 2014 година за време на скијање, се здоби со тешки повреди на главата, по што голем дел од времето го помина во кома. Од тогаш голем број светски доктори и експерти се грижеа за неговата здравствена состојба.

Шумахер не е виден во јваноста, а неговото семејство ретко дава изјави. Сега Корина преку неговиот фан клуб, од неговото родно место Керпен изјави дека неговата состојба е подобрена.

„Големите работи почнуваат со мали чекори. Многу мали делчиња создаваат огромен мозаик. Заедно сме посилни и токму со таа здружена сила на движењето KeepFighting, прави охрабрувањето на другите да биде полесно“, изјавила Корина.

 

И претседателот на клубот, Рајнер Ферлинг соопшти дека здравствената состојба на Германецот е подобрена и изрази надеж дека Шумахер наскоро ќе го видиме во јавноста.

„За жал, повторно доаѓа тоа време од годината. Сега е шеста годишнина од нереќата на Михаел. Шест години полни со надеж дека Михаел еден ден ќе излезе во јавноста повторно. Знаеме дека Михаел е во добри раце, дека добива љубов, сигурност и доверба. Има среќа што има силно семејство зад себе“, изјави Ферлинг.

Scroll to Top