Најскапите свршенички прстени на познатите

Во светот на богатите и славните скапиот свршенички прстен е подеднакво важен како и скапите автомобили и големите, луксузни куќи. Познатите мажи како да се натпреваруваат меѓусебе кој ќе ѝ подари на својата свршеница поголем прстен со многу карати. Последен во низата е дијамантскиот прстен на Парис Хилтон во форма на солза, кој е проценет на 2 милиони долари, а ѝ го подари актерот Крис Зилка.

Лејди Гага  доби од актерот Тејлор Кини 6-каратен дијамантски прстен во форма на срце. Двојката не се венча, а свршувачката ја раскина пејачката.

Кејт Мидлтон доби од принцот Вилијам  12-каратен прстен со сафир и дијаманти. Прстенот чини 500 илјади фунти.

Џастин Терокс ја побара Џенифер Анистон за сопруга со 10-каратен дијамантски прстен, вреден околу 1 милион долари.

Џорџ Клуни за Амал избрал 7-каратен смарагден прстен во вредност од 750 илјади долари.

Актерката Габриел Јунион се омажи со НБА-ѕвездата Двејн Вејд. Тој ѝ подари 8.5-каратен дијамантски прстен, вреден 1 милион долари.

Мајкл Даглас ја побарал за жена Кетрин Зета Џонс со прстен со 10-каратен дијамант, вреден околу 1 милион долари.

 

Анџелина Џоли добила од Бред Пит прстен со смарагд и два помали дијаманти, во вредност од 1 милион долари.

Кејти Холмс  добила од Том Круз дијамантски прстен кој чинел околу 1,5 милиони долари.

Ана Курникова  доби од Енрике Иглесијас прстен од розов дијамант, вреден 2,5 милиони долари.

Актерката Блејк Лајвли  добила од Рајан Рејнолдс 18-каратен дијамантски прстен за кој Рајан потрошил 2,5 милиони долари.

Кошаркарот Коби Брајант на својата девојка Ванеса, со која има три деца, ѝ купил прстен  вреден 4 милиони долари.

Марк Ентони за прстенот на Џенифер Лопез потрошил преку 4 милиони долари.

Грејс Кели добила од принцот Рение од Монако во 1955 година  прстен вреден 4,3 милиони долари.

Канје за Ким купи дијамантски прстен од 15 карати, кој чинел преку 4,5 милиони долари.

За 18-каратниот свршенички прстен на Бијонсе, Џеј Зи потрошил 5 милиони долари.

За свршеничкиот прстен на Лиз Тејлор, Ричард Бартон потрошил 8.8 милиони долари.

 

 

Scroll to Top