Најубавото девојче на светот доби голема конкуренција во Анастасија

Шестгодишното девојче од Русија, Анастасија Књазева, е прогласена за најубава на светот и чекори по стапките на францускиот модел Тајлин Блонди (16), која некогаш  ја носеше таа титула, пренесува „Дејли мејл“. Многумина не можат да се воздржат да не ги споредат овие две девојчиња, и се чини дека малата Русинка ќе стане попопуларна од убавата Французинка.

Таа веќе има армија фанови на интернет. Многумина велат дека изгледа како кукла, а дека сините очи ѝ се најголем адут.

Ова девојче е успешен детски модел, глумела во бројни реклами, вклучувајќи ги и оние за рускиот бренд Чаби Кидс.

Анастасија сега има околу 500.000 обожаватели на „Инстаграм“, кој ги води нејзината мајка Ана.

❤️ Шапочка @chobikids

A post shared by Anna Knyazeva (@anna_knyazeva_official) on

Секоја фотографија има еден куп коментари, а се чини дека ова девојче има најмногу фанови во Бразил и Индонезија.

Првата нејзина фотографија се појави на интернет во 2015 година, кога имала само четири години.

Носела ревии на познати руски брендови, вклучувајќи ги и Аморецо и Кисабиано. Исто така е прогласена за заштитно лице на Мис Аоки во октомври минатата година.

Сите се сигурни дека малата Анастасија еден ден ќе ја преземе водечката улога на модната писта од рускиот модел Ирина Шајк, која својата слава ја стекна во 2007 година.

Scroll to Top