Најзгодните мажи од сапуниците

Уште од моментот кога почна да се прикажува „Касандра“ кај нас, згодните мажи од колумбиските, бразилските и од турските серии стануваа миленици на жените. Некои од овие мажи и денес се популарни и снимаат серии кои се даваат кај нас.

Фернандо Колунга

Мексиканскиот актер Фернандо Колунга (51) кај нас стана познат по улогата на Џосе Армандо во „Есмералда“. Тој се појави во сериите „Злобница“ и „Прегрни ме силно“, кои имаа голема гледаност. Пред да стане актер, Фернандо одел во градежено училиште, продавал автомобили и работел како шанкер.

„Отсекогаш сакав да бидам актер, но целта не ми беа теленовелите“, рекол одамна.

Тој и понатаму игра улоги во сапуниците.

Вилијам Леви

Леви се прослави со улогата во серијата „Страсти“. Актерот израснал само со мајка си, а на 14-годишна возраст се преселиле во Мајами. Тој се запишал на факултет за деловна администрација каде што добил стипендија, но набргу сфатил дека тоа не е за него. Заминал во Лос Анџелес да се школува за актер, а подоцна го продолжил во Мајами и Мексико, каде што се запознал со актерка Елизабет Гуриерез.

Тие биле во врска од 2003 до 2011 година и ги имаат синот Кристофер и ќерката Кајли.

„Повеќе не сме заедно, но како семејство никогаш нема да престанеме. Не ја одбивам можноста дека некогаш во иднина можеби пак ќе бидеме заедно. Никој никого нема изневерено и за ова одлучивме заедно“, рекол тој.

Во 2011 година Леви се појави во спот на Џенифер Лопез. Пред неколку години ја сними еротската драма Addicted, со која си го отвори патот во Холивуд.

Бурак Озчевит

Турскиот актер Бурак Озчивит се прослави со улогата на Бали-бег во серијата „Величествениот“. Освен што стекна светска слава, стана и миленик на жените.

Минатото лето се ожени со својата долгогодишна девојка Фахрије Евчен.

Во моментот снима нов филм и серија, а наскоро кај нас ќе почне да се прикажува серијата „Карасевда“, во која ја игра главната улога.

Scroll to Top