Никол Кидман и Кит Урбан: страст на Оскарите

Актерката Никол Кидман и музичарот Кит Урбан едвај ги задржаа страстите, на доделувањето на Оскарите, па фотографите ги фатија како разменуваат бакнежи.  Фотографите ја уловиле и нивната асистентка која го тргнала погледот од славната двојка која е во брак последните 17 години. Љубовта не недостасуваше на гламурозниот килим, а ѕвездите ги покажаа своите најдобри креации, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, на доделувањето на Оскарите. Многу двојки решија да се усогласат со нивната мода.

Оскаровката за најдобра споредна женска улога Џејми Ли Кертис пристигна во друштво на нејзиниот сопруг и режисер Кристофер Гест. Номиниран за најдобар актер, Брендан Фрејзер пристигна во друштво на девојката Џин Мур, додека Хали Бери беше во друштво на музичарот Ван Хант со кој е во врска од 2020 година.

 

 

 

Актерот Остин Батлер ја напушти церемонијата на доделување на наградите без златната статуетка во рака, додека со девојката и модел Каја Гербер на забвата двојката носеше креации од француската куќа Saint Laurent – тој во смокинг од сатен со панделка, додека Каја носеше блескава металик креација со висок шлиц.

 

Внимание привлекоа и Сабрина Доур Елба и Идрис Елба – актерот наместо класичен смокинг облече сина јакна, а неговата сопруга се одлучи за светло зелен фустан, додека британскиот актер облече полежерен изглед во темно зелена нијанса со патики на синиот килим на забавата на  Vanity Fair.

Се усогласија и актерката на филмот „Аватар“, Зои Салдана и поранешниот спортист, Италијанецот Марко Перего Салдана, во брак од  2013 година – вљубената двојка беше една од најдобро облечените на годинешните Оскари.

 

Хали Бери со дечкото Ван Хант
Антонио Бандерас со сопругата Никол
Хју Грант со сопругата Ана Елизабет Еберстејн
Scroll to Top