Николас Кејџ не добил ни долар од заработката на филмот „Напуштање на Лас Вегас“

Холивудскиот актер Николас Кејџ не добил ни долар за улогата во филмот „Напуштање на Лас Вегас“, со кој доби Оскар.

Во интервју за подкастот It Happened In Hollywood, режисерот Мајк Фигис изјави дека буџетот на филмот бил помеѓу три и четири милиони долари.

„Кој знае. Никогаш не ги видов парите. Мислам, Николас и јас никогаш не добивме пари затоа што се зборуваше дека филмот не донел ни профит“, рекол Фигис.

Сепак, тој вели дека продукцијата на филмот била неверојатна и дека би го направил сето тоа одново, дури и ако не бил платен.

Филмот беше објавен во 1995 година и беше заснован на истоимениот роман на Џон О’Брајан од 1990 година. Во филмот глумеа и Елизабет Шу и Џулијан Сендс.

Кејџ доби Оскар и Златен глобус за улогата на Бен Сандерсон, а Мајк Фигис беше номиниран за најдобар режисер. И покрај големиот успех на филмот и наградите, двајцата не заработија ништо од овој филм.

 

 

Scroll to Top