Новооткриен вид на змија во Перу го доби името по актерот Харисон Форд

Новооткриен вид змии пронајдени во Перу го добиja името по холивудскиот глумец Харисон Форд, кој е и познат еко-активист.

Змијата откриена од истражувачи од Перу и САД на Андите, имаат карактеристично бледожолтеникаво- кафена боја, наречена „Тачименоидес харисонфорди“.

Форд, кој е потпретседател на непрофитната група „Меѓународна конзервација“, смета дека откритието е потсетник дека има уште многу да се научи за дивиот свет. Новиот вид бил откриен во Националниот парк „Отиши“ во Перу.

И вид мравки, како и пајаци веќе се именувани по американската акциона ѕвезда. Во 1993 година е откриен „Калпонија харисонфорди“  т.н. калифорниски пајак, а неколку години подоцна и мравката „Фејдоле Харисонфорди“ влезе во списокот познати видови.

За разлика од филмскиот лик по кого е можеби и најпознат – Индијана Џонс, Форд повеќепати истакнал дека сака змии. А пак, за новиот вид, вели дека брзо нашол блискост со нив.

„Змијата има очи во коишто може да се удавите и повеќето денови ги минува сончајќи се покрај базен со нечиста вода – веројатно јас и тие би биле пријатели во раните 60-ти, се пошегувал глумецот.

Истражувањето за „Тачименоидес харисонфорди“ покажува дека влекачите се особено изложени на опасност од истребување и оти над петтина од сите влекачи денес се загрозен вид.

Scroll to Top