Ограбен домот на Ашер

Крадци влегле во домот на раперот Ашер во Лос Анџелес и украле пари и накит во вредност од 830.000 долари. Поранешната сопруга на Ашер, Грејс Мигел, од домашната помошничка дознала за инцидентот на 29 март и таа ја известила полицијата. Наводно, помошничката на Грејс ѝ рекла дека видела стапалки од чевли на вториот кат и отпечатоци од прсти на една од перниците.

Снимките од безбедносните камери ги снемало, велат од полицијата. Се претпоставува дека крадците влегле преку прозорец. Од полицијата не откриваат детали за кражбата.

Scroll to Top