Дуа Липа (28) повторно се бакнува по раскинувањето со режисерот Ромен Гаврас (42).
Пејачката е во врска со британскиот актер Калум Тарнер (33), пишува „Page Six“. Гласините за нивната врска започнаа кога парот се појави заедно на забава во Лос Анџелес што следеше по премиерата на воената серија „Masters of The Air“.
„Тоа е нова врска, но тие се луди еден по друг. Таа беше на премиерата за да го поддржи”, открил на крајот извор близок на парот.
Калум Тарнер моментално глуми и во филмот на Џорџ Клуни – The Boys in the Boat. Тој е познат и по неговите улоги како Тезеј Скамандер во Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald и Fantastic Beasts: Dumbledore’s Secret, Бил Рохан во Queen and Country, Елио во E4 серијата Glue и Shaun Emery во серијата The Capture на BBC One.
Тој претходно беше во врска со 35-годишната актерка Ванеса Кирби, која ја играше принцезата Маргарет во серијата „Круната“ на Нетфликс од 2016 до 2017 година.
Дуа Липа раскина со познатиот режисер на крајот на минатата година. Познатата пејачка потврди дека се забавува со поранешното момче на Рита Ора, Ромен уште во март минатата година, кога беа фотографирани како заедно одат дома од ревијата на Сен Лоран на модната недела во Париз.
„Дуа и Ромен се разделија по љубовното лето. Роман ја сметаше Дуа за работохолик, но таа нема намера да успорува за ништо и никого”, рекол изворот и додал дека пејачката сака да се фокусира исклучиво на нејзината музика.