Памела Андерсон: Сѐ уште ми прилега црвениот костим од „Бејвоч“

Памела Андерсон вели дека сè уште ѝ прилега црвениот костим што го носеше во популарната американска телевизиска серија „Бејвоч“. Памела во серијата играше од периодот од 1992 година до 1997 година.

Уште тогаш ја сметаа за секс-симбол, а остана запаметена по улогата на спасувач Си Џеј Паркер. Во интервју за „Фокс њуз“, таа проговори за легндарниот црвен костим за капење, со кој патролираше и трчаше низ плажите во Малибу.

„Го имам костимот до ден денес. Сè уште ми e точен. Го носев неколку пати за да ги насмеам моите пријатели“, вели Памела и откри дека низ годините попуштила малку со килажата.

Таа на социјалните мрежи често објавува разголени фотографии во црно-бела боја и се потсетува на улогите што ги имала низ годините. Неодамна го заврши својот петти брак, по само 12 дена. Таа последен пат се омажи за продуцентот Џон Петерс (75), а подоцна објасни дека двајцата не биле во брак.

„Не бевме венчани. Јас сум романтична личност. Мислам дека сум лесна цел  и дека луѓето само живеат во страв“, изјавила Памела, објаснувајќи дека врската меѓу неа и продуцентот завршила, затоа што почнал да се меша во нејзината кариера.

 

 

 

 

 

Scroll to Top