Памела Андерсон во костимот за капење од хит серијата „Чувари на плажата“ го запали Инстаграм

Памела Андерсон го облече препознатливиот црвен костим за капење кој го носеше во помлади години во популарната серија Baywatch во 90-тите години.

Андресон црвениот костим го носеше пет сезони, а сега објави фотографија како позира во ист таков костим на нејзиниот Инстаграм. Фотографијата е направена како дел од соработката на Памела со брендот за костими за капење.

Памела го популаризираше овој тип на костими кога ја играше спасителката Си Џеј Паркер. Андерсон чуваше еден од оние црвени костими за капење што ги носеше во текот на петте сезони на снимањето и откри дека сè уште сака да го пробува одвреме-навреме.

„Тогаш имав пар. Сега имам само еден, и ми одговара“, сподели таа во емисијата Entertainment Tonight.

Памела своевремено беше една од најпознатите девојки на Плејбој, а во кариерата се појави на дури 151 насловна страница.

За актерката пишуваа српските медиуми дека ќе се појави со улога во новата сезона на серијата „Јужен ветер“.

Scroll to Top