Пејачката Грајмс го тужи Илон Маск за прашања поврзани со нивните три деца.
Според странските медиуми, канадската пејачка поднела петиција за воспоставување родителска врска на 29 септември пред судот во Калифорнија, според судските записи до кои дојде Пејџ Сикс.
Имено, како што се гледа во списите, ова барање има за цел судот да ги идентификува законските родители на детето кои не се во брак. Но, Илон Маск досега не одговорил на нејзиното барање.
Грајмс всушност започнува постапка за барање издршка или старателство за дете.