Пијана жена ѝ се пушти на Селин Дион

By

Жена во алкохолизирана состојба се качи на бината во текот на концертот на канадската пејачка Селин Дион во Лас Вегас и почна да се трие од неа. Пејачката најрелаксирано се справи со ситуацијата.

На видеоснимка на „Јутјуб“ може да се види како пијаната жена ѝ приоѓа на пејачката и ѝ ја става ногата врз нејзината.

Дион го задржува телохранителот што сака да ја тргне жената од бината и потоа ѝ се обраќа:

„Драго ми е што дојдовте овде вечерва. Драго ми е што ми пријдовте блиску“, рече Дион.

На крајот двете се прегрнуваат, по што пејачката ѝ вели „те сакам“ и ја испраќа жената да се симне од бината.

Ќе ви се допадне

GoGoAnime gogoanime 9: Watch Attack on Titan Season 3 Episode 7

AniWatch aniwatch.me: Scum's Wish Episode 12