Писмо на 92-годишна старица го разнежни Надал

By

Рафаел Надал има многу фанови, а меѓу нив и 92-годишна старица од Шпанија. Таа постојано му испраќала писма на Надал преку пошта, но нејзината правнука Дебора Мансур неодамна објавила едно писмо на „Твитер“ и тоа стигнало до тенисерот.

„Сакан Рафа, во декември ти напишав ново писмо и го пратив до твојата тениска академија. Најверојатно не си го примил писмото, имам пратено толку многу на различни места. Јас сум госпоѓа која има 92 години, во април ќе полнам 93, а откако почна да играш тенис, јас сум голем твој обожавател. Ги следам сите твои натпревари. Го местам будилникот за да ги следам твоите мечеви. Жалам многу за тоа што ти се случи во Австралија и се надевам дека ќе бидеш добро“ стои во писмото што го објавила Дебора.

„Сакана Дебора, те замолувам да ѝ испратиш бескрајна благодарност на твојата прабаба за ова преемотивно писмо кое ме погоди во срце. Сите писма и пораки кои ги добивам од вас значат многу за мене. Голема благодарност“, ѝ одговорил Надал.

Ќе ви се допадне