По 40 години Оливија Њутн Џон и Џон Траволта пееја песни од „Брилијантин“

Актерот Џон Траволта и пејачката Оливија Њутон Џон минатиот викенд се сретнаа на гала-забава во Лос Анџелес. 40 години по снимањето на култниот филм „Брилијантин“, тие застанаа на сцената и ја испеаја песната Hopelessly Devoted To You.

На гала-забавата, посветена на австралиските ѕвезди во Америка, домаќинка била Њутн Џон, а меѓу гостите бил и композиторот на некои од најголемите хитови од „Брилијантин“, Hopelessly Devoted To You и You’re The One That I Want, Џон Ферар.

Scroll to Top