По 40 години сам го докажал убиството на мајка си

Холивудскиот актер Дилан МекДермот имал само 5 години кога починала неговата мајка. Полицијата го затворила случајот како самоубиство, но 40 години подоцна Дилан ја покренал истрагата отпочеток и докажал дека неговата мајка била убиена.

Дајана, мајката на Дилан, го родила кога имала само 15 години. Таткото на Дилан, Ричард, имал 17 години. Неколку месеци по раѓањето на Дилан, Дајана го оставила Ричард и почнала да живее со Џон Спонза, криминалец и наркоман. По една голема караница, Дајана била застрелана, а полицијата го прифатила исказот на Спонза дека се самоубила.

Дилан, иако 5-годишно момченце, бил сведок на убиството и по 40 години побарал да започне нова истрага. Овој пат истрагата покажала недоследности во однос на оружјето со кое била усмртена неговата мајка, како и аголот под кој бил испукан куршумот. Трагичниот настан е прогласен за убиство. Спонза, сепак не можел да одговара за делото, зашто 5 години по убиството на Дајана, би пронајден застрелан во багажник од автомобил. Се верува дека убиството на Дајана било затскриено оти бил син на полицаец, но и доушник на полицијата заради врските со криминалните банди. Тие, пак, го убиле кога дознале дека ѝ поткажува на полицијата.

 

Scroll to Top