Глумицата Анџелина Џоли ѝ подари две зајачиња на својата ќерка Вивиен по нејзината тешка операција. Зајачето што Вивиен го чувала порано починало, па Џоли се обидела да ја развесели ќерка си со нови две миленичиња, пренесува micky.com.au.
Џоли вели дека на овој начин таа ќе се обидела да ја намали тагата на ќерка си и советува секој родител да се однесува на ист начин. Таа вели дека не сака нејзините деца да чувствуваат уште поголема тага и болка поради загинатото зајаче.
„Зошто тагата да ја правиме поголема? Зошто да долеваме масло во огнот? Подобро сите родители својата енергија да ја насочат кон децата“, изјавила Џоли.
Џоли откри дека нивниот дом е преполн со домашни миленици. Тие чуваат кучиња, гуштери и змии. Магазинот ОК неодамна напиша дека глумицата и нејзините деца се неодговорни кон домашните миленици.
„Во нивниот дом има голем број животни кои не се навикнати на живот во куќа. Кога ќе ги пуштат од нивните кафези, настанува хаос. Почнуваат да гризаат по куќата и да ја означуваат нивната територија. Работите излегуваат од контрола, а од куќата почнува да излегува неподнослива смрдеа“, открил за магазинот извор близок до глумицата.