По осум години разделба, глумецот Метју Меконахи се смири со мајка му

Американскиот глумец Метју Меконахи (51) и неговата мајка Кеј (88), по години кавги и расправии, конечно се смирија, а оскаровецот вели дека ѝ проситл за тоа што низ годините го посрамотила и во јавноста откривала работи, за кои тој не сакал луѓето да ги знаат.

Двајцата го имаа своето прво заедничко интервју по периодот кога беа скарани, само затоа што глумецот ги објавил своите мемоари во книгата Greenlights.

Нивниот однос во последните неколку години, бил влошен, а за тоа дека двајцата сега се сменети, зборуваа во подкастот кој го водеше сопругата на Вил Смит, Џејд Пинкет Смит, под името Red Table Talk, кој се емитува на „Фејсбук“.

Метју пред неколку години ѝ се налутил на мајка му, затоа што таа во медиумите открила приватни детали од неговиот живот. Пуштила телевизиска екипа во куќата во која тој пораснал и открила на кое место за првпат спиел со неговата девојка.

Метју изјави дека со време и простил, но дека многу го посрамотила тогша. Сега нивниот однос значително се подобрил, па за време на пандемијата со коронавирусот и двајцата живеат заедно.

„Беше тешко осум години, но поминаа и сега сме на другата страна. Работите се одвиваат добро“, изјавил Метју, кој сега вели дека се во добри односи со неговата мајка.

„Разговарав со неа и неколку дена подоцна завршивме во весниците. И реков да не зборува за тие работи и дека тоа треба да остане меѓу нас. Потоа стана друга личност. Но, никој не е совршен. И простив. Тоа не беше нејзина вина. Само морав да поставам некои граници. Тоа беа напорни осум години во нашиот однос“, изјавил Метју.

Сепак на крајот работите се завршиле добро и кога Метју станал вистинска холивудска ѕвезда, му било сеедно дали ќе се појави во медиумите, па на мајка му ѝ дозволил да прави што сака.

„Што сакаш прави. Еве ти ги камерите“, и кажал Метју, кој објаснил дека оттогаш та абила сјајна. Знаела да каже и направи неверојатни работи“.

Кеј и таткото на Метју, Џејмс, се венчале трипати. Џејмс починал во 1992 година, на 64. годишна возраст, додека имал секс со Кеј, нешто што Метју го напишал во своите мемоари.

„Секогаш ми говореше на мене и моите браќа. Момци кога ќе заминам, ќе се случи тоа додека водам љубов со вашата мајка. И така беше. Во тие моменти тој доживеа срцев удар“, открил Метју.

 

 

Scroll to Top