Почина Фреди од серијата „Куќа од карти“

Американскиот актер Рег, ѕвездата од серијата „Куќа од карти“, во која го играше ликот Фреди, почина на 60 години. Рег починал во својот дом во Њујорк, а боледувал од карцном на белите дробови.

Рег, покрај „Куќа од карти“, играл и во сјајните серии како што се „Оз“, „Закон и ред“, „Жица“…

Тој во 2015 година, ја освои престижната награда Еми, и тоа токму за улогата на сопственик на ресторанот Фреди Хејси, во „Куќа од карти“, а благодарение на таа улога уште три пати беше номиниран за награда.

Многубројните колеги на социјалните мрежи се простија од Рег, а меѓу нив беше и славниот актер Самуел Џексон.

„Скршен сум од губитокот на Рег! Брилијатен актер, хуморист и пријател! Незаменлив“, напишал тој.

Најпознатите филмови во кои Рег играл се „Маска“, „Седум“, „Фантастична четворка“ и „Американски психо“.

Рег е роден во 1958 година во Алабама, а дел од детството го минал во западна Германија.

Кога се вратил во Америка се запишал на студии во Мичиген, и на Јејл, а на публиката и се претставил во 1984 година во улогата на телевизиската драма „А Doctor’s story“.

Моментот кога Рег ја доби Еми наградата:

 

 

Scroll to Top