Познатиот американски гитарист Гери Росингтон, почина на 71 година. Беше последниот оригинален член од американскиот рок бенд „Линирд Скајнирд“, најпознат по песната Sewwt Home Alabama од 1974 година. Од бендот соопштија дека почина во неделата.
„Со длабока тага сакаме да ве известиме дека денес го изгубивме нашиот брат, пријател, член, текстописец и гитарист. Сега е со своите браќа и семејство на небото каде што свират заедно како и секогаш“, соопштија од бендот.
Засега не е објавена причината за смрттано, но медиумите пренесоа дека Росингтон имал проблеми со срцето. Во 2021 година имал и операција на срцето.
За потсетување, Росингтон е роден во 1951 година, во Флорида. Ја основал првата постава „Линирд Скајнирд“ во 1964 година со тапанарот Боб Барнс и басистот Лери Јунстром.
Во седумдесетите преживеа неколку тешки несреќи меѓу кои и тешките сообраќајки во 1976 година и 1977 година, во која загинаа тројца членови од бендот. Групата се распадна пред смртта на пејачот Рони Ван Зант, гитаристот Стив Гејнс и пејачката Кеси Гејнс. Се врати во 1987 година со нови членови.
Во новиот бенд беше и помладиот брат на Ван Зант, Џони како главен вокал.