Американскиот глумец Бо Хопкинс почина на 80 години. Веста е објавена на неговата официјална веб-страница.
„Со голема тага соопштуваме дека Бо почина, се наведува на веб-страницата.
Роден 1942 година како Вилијам Хопкинс, тој подоцна си го сменил името во Бо, во знак на почит кон првиот лик што го играл на Бродвеј, во преставата „Автобуска станица“.
Хопкинс е познат по улогите во „Династија’, но и класиците како „Американски графити“, „Полноќен експрес“, „Бегство“ и други.