Познатиот јапонски композитор и продуцент Рјуичи Сакамото, познат по експериментирањето со електронската музика, почина на 71-годишна возраст. Неговите претставници објавија дека починал во вторникот од рак кој му беше дијаностициран во 2021 година.
Сакамото е добитник е на многу награди, меѓу кои и „Оскар“, „Греми“, „БАФТА“ и како соло уметник и како член на Yellow Magic Orchestra (YMO). Неговата музика за филмот Последниот кинески цар, во 1987 година, му донесе Оскар, Греми и Златен глобус.
Играше во филмот, еп за животот на Пу Џи, последниот император на Кина. Почнал да студира композиција на 10-годишна возраст, а бил инспириран од Битлси и Клод Дебиси.
Го формираше YMO со Харуоми Хосон и Јукихиро Такахаши во 1978 година, свирејќи на клавијатури, а нивните синтетички иновации влијаеја на техно-попот и хип-хопот.
„Азиската музика многу влијаеше на Дебиси, а Дебиси многу влијаеше на мене. Така музиката оди низ светот и прави целосен круг“, рече Сакамото во 2010 година.