Почина Лоис Лејн од „Супермен“

Канадската актерка Маргот Кидер почина на 69 години во својот дом во Монтана. Причината за смртта не е објавена. Таа се прослави со улогата на Лоис Лејн во филмовите „Супермен“.

Кидер глумеше во првите филмови за Супермен покрај Кристофер Рив. Режисерот Ричард Донер не сакал атрактивна актерка како партнерка на Кристофер Рив, туку ја одбрал Кидер оти била природна. Освен улогата на новинарката Лоис Лејн, немаше позначајни улоги.

Актерката страдаше од биполарно нарушување што ѝ беше дијагностицирано во 1996 година, кога беше најдена во потполно дезориентирана состојба како талка по улиците на Лос Анџелес. Подоцна јавно говореше за својата болест, со цел да ја подигне светста кај луѓето за тоа нарушување.

Кидер има едно дете, ќерката Меги што ја доби од тригодишниот брак со писателот Томас Мегуан. Вторпат се омажи за актерот Џон Хер од серијата „Сопранови“, но бракот го поништија по само шест дена. Нејзиниот трет брак со францускиот режисер Филип де Брок, траеше една година.

Scroll to Top