Почина музичарот Сиксто Родригез, ѕвезда на оскаровецот „Барајќи го Шугармен“

Познатиот мексиканско американскиот музичар и гитарист Сиксто Родригез почина на 81 година. Веста ја објавија од неговиот тим на официјалната веб страница.

Родригез беше познат по докуметарниот филм „Барајќи го Шугармен“, кој се сними за него во 2012 година и кој доби две награди на филмскиот фестивал Санденс и Оскар за најдобар документарен филм. Играше и на македонскиот фестивал МакеДокс.

Малку се знаеше за Родригез во земјата и покрај тоа што неговата музика беше популарна. Кариерата ја почна во 1967. Се бореше да оствари успех во САД, но на крајот беше отфрлен од неговата издавачка куќа.

Неговата музика постепено разви култ во странство, а неговите плочи постигнаа големи успеси во Јужна Африка и Австралија. За него кружеа лажни гласини дека се самоубил во 1970-тите. Подоцна се утврди дека е жив и дека живее во Детроит, кадесе занимавал со градежни работи.

Во светот стана познат по неговиот албум „Студен факт“ Cold Fact. Особено популарност стекна во Јужна Африка, каде што беше усвоен како неофицијален саундтрак за младинските протести против апартхејдот.

За успехот во Јужна Африка дознал откако најстартаа ќерка, Ева, наишла на веб страна посветена на него во 1997 , кога интернетот беше во подем.

Брзо потоа таму ја направи првата. Мексиканско-американскиот гитарист имаше распродадени концерти во најголемите арени во земјата пред илјадници фанови и продолжи да одржува концерти во Австралија.

Во 2012, повторно стана славен со документарниот филм кој кажува како ја открива сопствената слава во странство. Откако кариерата повторно му тргна почна да оди на турнеи и да снима.

Филмот предизиввика двата албума, кои ги сними во раните 1970-ти, да почнат да се продаваат низ светот, речиси четири децении по нивното првично објавување, а Родригез свиреше на фестивали како Коачела и Гластонбери.

Scroll to Top