Почина рок-ѕвездата Џони Холидеј

By

Една од најголемите француски рок-ѕвезди Џони Холидеј, почина 74-годишна возраст по долга борба со рак на белите дробови.

Веста за неговата смрт утрово ја соопштија негова сопруга и Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Холидеј… Донесе дел од Америка во нашиот национален пантеон“, стои во соопштението на претседателот Макрон.

Холидеј го нарекуваа „францускиот Елвис Присли“. Негова најголема музичка инспирација беа Чак Бери и Бади Холи.

Ќе ви се допадне