Телевизиската водителка Опра Винфри ја потврди информацијата за смртта на нејзиниот татко, Вернон Винфри, откако локалните медиуми од Нешвил објавија дека тој починал во петокот вечерта.
Имаше 88 години и долга битка со ракот. Водителката откри дека починал опкружен со семејството и дека бил сакан до последен ден.
„Пред неполна недела му оддадовме почит на татко ми во неговиот двор. Мојот пријател и госпел пејач Винтли Фипс го поздрави со песна. Чувствуваше љубов и уживаше додека не можеше повеќе да зборува. Вчера, додека семејството го опкружуваше неговиот кревет, ја имав чест да посведочам како човекот одговорен за мојот живот го зема последниот здив. Можевме да почувствуваме како мирот влегува во собата кога тој замина“, напиша Опра во прошталната порака.
View this post on Instagram