Популарниот Хари Потер на прошетка со бебето среде Њујорк откако сопругата му се породи во тајност

Ѕвездата на „Хари Потер“, Даниел Редклиф и неговата партнерка Ерин Дарк го добија првото дете. Дарк се породила неодамна во тајност, а папараците сега ги видоа сите на прошетка во Њујорк.

Даниел и Ерин се запознаа на снимањето на филмот Kill your Darlings во 2012 година. Заедно се повеќе од една деценија, а во едно интервју во 2000 година, глумецот зборуваше за нивната врска и се присети на една од сцените на која додека снимале имале секс.

„Тоа ќе биде пеколна приказна што ќе им ја раскажуваме на нашите деца за тоа што нашите ликови си правеа еден на друг. Флертувавме еден со друг, така што тоа ќе биде сладок спомен за тоа како првпат се запознавме“, рече Редклиф.

За потсетување, Дарк е родена во Мичиген, е најпозната по нејзината улога во серијата „Гуд грл револт“ од 2015 година.

Scroll to Top