Поранешниот на Анистон има нова девојка

Џенифер Анистон и Џастин Теру во февруари објавија дека на нивниот брак му дошол крајот, а актерот, изгледа, повторно се вљубил.

Иако долго се шпекулираше дека во бракот на Џенифер (49) и Џастин (46) постојат проблеми, многумина, сепак, се изненадија кога пред еден месец и самите потврдија дека се разведуваат.

 

Во заедничкото соопштение не беше дадена причината за разводот, а познатата двојка нагласи дека повеќе сакаат тоа да остане нивна приватна работа, но дека се одлучиле за јавна објава за да ги редуцираат медиумските шпекулации.

 

– Одлучивме да го најавиме својот развод. Оваа одлука е заемна. Ние сме најдобри пријатели што одлучија да се разведат, но кои се радуваат на продолжението на нашето драгоцено пријателство – стоеше во соопштението на Џенифер и на Џастин.

 

Но, според написите во магазинот „Стар“, на Џастин не му требало долго за да ја преболи Џенифер. Како што пишува спомнатиот таблоид, актерот повторно се вљубил и во моментот е во врска со 21 година помлада девојка, уметницата Петра Колинс.

 

– Џастин и Петра се гледаат извесно време. Тој е опседнат со неа, уживаат во заедничките вечери. На нивните блиски луѓе сè уште им тврдат дека се само пријатели, но сите гледаат дека тука има многу повеќе од пријателство – тврди извор.

 

Џастин минатиот месец ја означил Петра на една од своите фотографии на Инстаграм која ја споделил, и тоа кратко пред да биде објавено дека на неговиот брак со Џенифер и официјално му дошол крајот.

 

Scroll to Top