Поранешниот сопруг на Шенон Доерти на удар: Можеше да покаже само малку хуманост

Актерката Шенон Доерти поднела барање за развод од фотографот Курт Исвариен еден ден пред нејзината смрт, а тој ги потпишал документите на денот на нејзината смрт, 13 јули.

Пријателката на Шенон, Тара Фуриани, на Линкедин, напиша дека актерката поминувала низ тежок период кога дознала дека ракот метастазирал и дека и ги отежнувал последните месеци од животот.

„Многу сум тажна и вознемирена поради смртта на мојата пријателка Шенон. Поради разводот низ кој минуваше во тоа време. Нејзиниот рак на дојката беше 4-та фаза и имаше метастазирано на други делови од телото, смртта беше неизбежна и таа се помири со тоа“, напиша таа.

„Животот е многу тежок… уште потешко е ако имате рак и останете без поддршката на која сметавте“, заклучила таа.

Шенон и Исвариен беа во брак 13 години, а на крајот на минатата година таа раскажа дека нејзиниот тогашен сопруг имал афера пред таа да треба да оди на операција на тумор на мозокот. Таа поднесе барање за развод во април минатата година.

Ѕвездата на Беверли Хилс 90210 почина по долга борба со ракот на дојката на 53-годишна возраст. Во февруари 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка, а во 2017 година објави дека е во ремисија.

Една година подоцна, таа рече дека болеста се проширила на лимфните јазли. Во мај 2016 година, таа беше подложена на мастектомија, а три години подоцна дозна дека ракот се проширил во мозокот и дека е во четврта фаза.

Scroll to Top