Познатата пејачка објави фотографии од својот одмор, ги лајкуваа над 3,5 милиони луѓе

Откако го објави новиот албум Cowboy Carter, Бијонсе како да исчезна од сцената, со шпекулации дека се повлече од очите на јавноста поради фактот што нејзиниот сопруг Џеј Зи е долгогодишен пријател на раперот Диди, кој е обвинет за сексуален напад од страна на голем број жени.

На Инстаграм Бијонсе се пофали со фотографии од одморот на јахта со сопругот, а пејачката ги премолчи гласините објавувајќи фотографии на кои позира насмеана во краток бел фустан, со кои ги воодушеви своите фанови.

Двојката позираше во соодветни комбинации, а фотографиите собраа речиси 3,5 милиони лајкови за само два дена откако беа објавени.

Scroll to Top