Познатиот рапер ја обвини Карди Би дека го изневерувала додека била бремена, таа брзо одговорила

Во екот на неговиот развод со музичарката Карди Би, раперот Офсет ја обвини дека имала афера додека била бремена, а таа делумно ги потврдила овие наводи. Не е познато кога се случила аферата, но Карди поднела барање за развод во јули, пишува Page Six.

За време на нејзиниот Инстаграм Лајв вчера, Карди Би откри некои детали за раскинувањето со Офсет, вклучително и дека нејзиниот поранешен сопруг и се заканил дека ќе и ги одземе подароците што и ги дал за да продолжи со нејзиниот живот по раскинувањето.

„Знаеш што е лудо за мене? Тој мисли дека може да ме купи, но не може. Толку е луд што верува дека тоа е доволно. Сакаш да ми се заканиш дека ќе ми ги одземам работите за кои сум работела? Сакаш да играш, играј ги овие игри со мене. Ќе си играме“, изјави Карди.

Покрај тоа, таа во објава на Твитер накратко напиша: „Јас го направив“. Многумина шпекулираат дека таа со тој коментар ги потврдила обвиненијата за изневерување на Офсет.

Медиумите потсетуваат дека Карди поднела барање за развод по шест години брак поради гласини за изневерување, а се шпекулираше дека Офсет ја изневерувал, но тоа не била единствената причина. “Тие се оддалечија. Тоа е она што ја натерало на оваа одлука повеќе од било што друго. Ова е нешто што таа сака да го направи”, рекол изворот. Карди бара старателство над нивните деца.

Scroll to Top