Близок пријател на Меган Маркл тврди дека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон се однесувале лошо кон неа. Тензиите меѓу принцезата и снаат зовреле уште откако Меган се омажи за Хари. Несогласувањата отишле дотаму што Кејт ја расплакала Меган пред свадбата во 2018 година.
Меган наводно ѝ замерувала на Кејт што никогаш не признала дека се однесувала лошо со неа, ниту се извинила за нејзините постапки.
„Меган чувствува дека никогаш не биле повикани на одговорност за начинот на кој се однесуваа со неа додека беше дел од кралското семејство. Тие никогаш не се извинија и се чини дека се извлекоа од тоа“, рече за „Мирор“ извор близок до актерката.
Кралското семејство им замери на Хари и Меган и тоа што го напуштија британскиот кралски двор и се преселија во Лос Анџелес. Во мемоарите Spare, Хари го опиша својот однос со членовите од кралското семејство.
За потсетување, на почетокот Хари и Меган ги имаа симпатиите на јавноста, но во последно време сè повеќе Британци ги криткуваат. Нивните успеси не се случуваат ниту на деловен план. Spotify го откажа подкастот на Меган, а нивните документарни серии на „Еми“ поминаа незабележано.