Принцот Хари ја налути сестрата на Меган Маркл

Полусестрата на американската актерка Меган Маркл, навредена и малку лута, реагираше на изјавата на принцот Хари дека неговата свршеница „конечно има семејство кое никогаш го немала“.

Хари во неодамнешното интервју изјави дека Меган одлично се согласува со кралицата Елизабета, но и со остатокот од кралството, како и тоа дека ужива во Божиќните празници со нив.

По ова се јави полусестрата Саманта Маркл велејќи дека актерката растела во големо семејство и дека исклучиво нејзина желба била да се дистанцира од нив.

Саманта и Меган се сестри по татко, а таа истакнува дека вратата на нејзиниот очув е секогаш отворена.

„Нашето семејство е нормално и кога тато и Дорија се разведоа, секогаш имаше два дома. Никој од нас не ја оддалечи, едноставно таа секогаш беше зафатена“, изјави полусестрата на Меган.

53-годишната Саманта вели дека нејзиниот брак со Хари само ќе го прошири нивното семејство.

„Семејството на Меган е комплетно – има сестри, браќа, вујко, чичко, роднини и неверојатно жртвуван татко”, напиша на Твитер.

Инаку, пред неколку месеци, Саманта предизвика контроверзии откако се закани дека ќе објави книга која го открива вистинското лице Меган Маркл.

Scroll to Top