Принцот Вилијам ќе му биде кум на својот брат

Сè е подготвено за претстојната британска кралска венчавка на актерката Меган Маркл и принцот Хари. Свеченоста ќе се одржи на 19 мај, а британските медиуми на секој можен начин доаѓаат до деталите за прославата.

Свадбата ќе почне напладне во црквата „Сент Џорџ“, а потоа следува традиционално дефиле на младенците со кочии.

Иако блиските на принцот Хари не сакаат да потврдат, медиумите во Велика Британија пренесуваат дека тој за кум го избрал својот брат Вилијам.

„Хари има неколку блиски пријатели, но нема шанси да прашал некој друг, освен својот брат“, изјави неименуван извор близок до кралското семејство.

На венчавката се поканети и познати личности – глумците колеги на Маркл од серијата Suit, потоа Пријанка Чопра, тенисерката Серена Вилијамс. Свадбата ќе се пренесува во живо.

Scroll to Top