Принцот Хари раскажа дека отсекогаш се чувствувал поразличен од неговата фамилија и дека неговата мајка се чувствувала исто. Тој во онлајн разговор кажа дека се плашел оти ќе ги изгуби сеќавањата за неговата мајка Дијана кога почнал да оди на терапија.
Принцот вели дека постојано на своите деца им покажува љубов и внимание за да не им пренесе дел од неговите трауми и негативни искуства од неговото детство.
Принцот Хари зборувал за реакциите во јавноста по објавувањето на неговите мемоари и вели дека не жртва, ниту бара сожалување.
„Многу ми олесна“, кажал Хари, опишувајќи ја книгата како помош за другите да почнат да зборуваат за своите проблеми со менталното здравје.
Тој опиша дека растел, чувствувајќи се малку поразлично од остатокот од неговата фамилија и имал чувство дека живее во меур, а терапијата му помогнала да излезе од таа состојба.