Продуцентот на Елен Деџенерис е обвинет за сексуално вознемирување

Продуцентот на познатата американска водителка Елен Деџенерис, Кевин Леман, е обвинет за сексуално вознемирување од страна на неколкумина вработени во шоуто на водителката.

Вработените во шоуто го обвинуваат Кевин за непримерно и несоодветно однесување. Тој ги допирал и им нудел директни понуди, истовремено уценувајќи ги со сексуален однос.

„Почнав да работам кај Елен како личен асистент пред 17 години. Ѝ се посветив на кариерата и дојдов до местото на кое сум денес. Иако мојата работа како сценарист е таква да смислувам шеги, морам да признам дека повремено претерувам со нив. Изненаден сум што мојот обид за хумор е навредлив за некои од вработените. Во текот на целата моја работа во шоуто, ниту еднаш не сум бил пријавен и ме шокираат ваквите малциозни и измамнички текстови“, напишал Леман во реакцијата на серијата текстови објавени на BuzzFeed, а во кои поранешните вработени во шоуто ги споделуваат своите искуства со раководителите.

Ова се случува во време кога Елен е обвинета од своите вработени за малтретирање и мобинг. Водителката е честа цел на напад на социјалните мрежи, а многумина од нејзините следбеници и поранешни обожаватели и забележуваат за нејзините постапки.

По многуте истапи на нејзините поранешни колеги од работа, нејзиното планетарно популарно шоу заврши под интерна истрага на медиумската куќа.

Вработените ја обвинуваат Елен дека се однесувала лошо кон нив и дека ги понижувала. Поединци меѓу нив навеле во тужбите дека Елен делела откази како од ракав, па дури и за оправдани изостанувања од вработените, како што е, на пример, болест или одење на погреб.

WarnerMedia спровела истрага во нејзината емисија „Шоуто на Елен Дегенерис“. Веднаш по истрагата, Елен јавно им се извини на сите вработени, кои се почувствувале понижено поради нејзините постапки.

 

Scroll to Top