Познатиот 54 годишен рапер, Паф Деди е обвинет за рекет, сексуална експлотација и трговија со луѓе. Се започна со Кеси Вентура која поднесе тужба против раперот во која тврди дека била сексуално експлоатирана од неговата страна, за досега да има 120 пријави за тужби за силување против него, од кои 25 се поднесени од лица кои биле малолетни во време на вршење на кривичното дело, а најмала жртва била на деветгодишна возраст.
„Овој вид на сексуален напад, сексуална злоупотреба, сексуална експлоатација никогаш не треба да се случи во САД или на кое било друго место“, изјави Базби, адвокатот на раперот во една од изјава за медиумите.
Комбс, Пи Диди или Паф Деди се имињата по коишто може да се препознае хип хоп раперот. Тој е победник на 3 „Греми“ оскари и е сопственик на „Bad Boys Record“, а неговата музичка кариера датира уште од времето кога има соработувано со многу познати музички лица како што се Notorious B.I.G, Ma$e, Lil’ Kim, Busta Rhymes, Janelle Monáe, но и многу други. Тој е познат и по тоа што е сопственик на една од најголемите фирми за канабис која денеска има вредност од над 26 билиони долари во производство.