Расел Кроу некогаш секси и згоден, денес со пивски стомак среде Рим

Новите фотографии на легендарниот актер Расел Кроу покажуваат дека неговиот физички изглед е целосно променет во однос на почетокот на кариерата.

Потсетуваме дека тој популарен стана во 2000 година, односно откако играше улога во филмот „Гладијатор“ на Ридли Скот и доби Оскар за најдобар актер.

Моментално тој е во Рим со својата девојка Бритни Териот и синовите Тенисон и Чарлс, каде го снима хорор филмот „Егзорцистот на папата“ во режија на Џулиус Ејвери.

Тој го игра свештеникот Габриел Аморт, кој се бори против демоните, кој наводно извршил повеќе од 60.000 егзорцизми.

„Мојата цел беше да работам со Расел, така што овој филм е остварување на мојот сон“, изјави Џулиус.

Scroll to Top